Англија
Њукасл го неутрализираше Халанд, второ реми во серија за Манчестер Сити (Видео)

Манчестер Сити имаше водство против Њукасл, но не успеа да победи на денешното премиерлигашко гостување (1:1), на кое го забележа второто реми во серија.
По драматичниот финиш на дербито со Арсенал, Сити денеска остана без уште два посакувани бода, а Њукасл истите ги откина со гол од пенал.
Најпрвин Гвардиол се снајде како врвен напаѓач во шеснаесетникот на Њукасл и во 35. минута го совлада Поуп, а на израмнување се чекаше до 57. минута, кога Гордон изнуди пенал од Едерсон и самиот го претвори во гол и радост за домашните фанови.
Двете екипи имаа по неколку обиди до крајот, но не успеаја да дојдат до втор гол, по што ќе мора да се задоволат само со по еден бод. Њукасл е и првиот тим кој сезонава не дозволи погодок за Ерлинг Халанд во дресот на Сити.
Сити останува лидер барем привремено со 14 бодови, два повеќе од Ливерпул и Астон Вила кои допрва ќе ги играат своите натпревари. Премногу далеку не е и Њукасл, кој има три бода помалку.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)