Англија
Невил со реакција за најавената Супер лига: Англиските клубови треба да бидат казнети со одземање бодови
Гери Невил побара казна за клубовите кои потврдиле учество новата европска Супер лига, бидејќи тоа според него е непристоен потег направен додека сезоната е во тек.
Стручниот коментатор на „Скај Спортс“ ја коментирал информацијата дека шест премиерлигаши веќе дале согласност за учество, а раководството на новото натпреварување може уште денеска да ја претстави информацијата за новиот турнир на големите клубови.
– Мислам дека ова е скандал, во период кога се случува нешто како пандемија на коронавирус.
– Манчестер Јунајтед и останатите клубови кои потпишале треба да се засрамат, дали во таа Супер лига ќе игра Арсенал кој денеска едвај освои бод против Фулам или пак и Јунајтед кој денеска не може да му даде гол на Барнли, – изјавил Невил за време на првото полувреме меѓу неговиот поранешен клуби и Барнли.
– Според мене, клубовите треба да бидат казнети со одземање бодови, мислам дека е безобразно тоа да го прават во тек на сезоната, – изјавил Невил.
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план