Италија
Наполи ќе го испрати Осимен во Челси во размена за двајца фудбалери и солидна сума

Виктор Осимен одамна им предочил на првите луѓе на Наполи дека летово сака да ја промени средината, но барем засега нигерискиот голгетер останува во Неапол и очекува некаков конкретен потег од неговите агенти и заинтересираните клубови.
Во таква ситуација, Наполи размислува за негов наследник, но и најдобар начин за збогување со Осимен, а тренерот Антонио Конте побарал двајца играчи на Челси, плус солидна сума, за напаѓачот да се пресели во редовите на премиерлигашот.
Конте сака да го размени Осимен за Ромелу Лукаку и Чезаре Касадеи, двајца фудбалери кои не се во плановите на менаџерот Енцо Мареска, а дополнително Челси да плати и 39 милиони фунти во овој дил.
Предводникот на Наполи е убеден дека шампионот од сезоната 2022/23 на ваков начин ќе добие квалитетни засилувања и буџет за дополнителни трансфери, а спортскиот директор Џовани Мана веќе е во Лондон за да ги комплетира преговорите.
Паралелно со преговорите со Челси, Мана и неговиот тим се обидуваат да го обезбедат потписот и на Скот МекТоминеј и Били Гилмур, шкотските репрезентативци кои би можеле да го засилат средниот ред на Наполи.
-
Италија6 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија7 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија8 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија7 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан5 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија9 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија5 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет4 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!