Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје со лекција за Ловќен во АБА2 лигата

Објавено

на

Македонскиот претставник МЗТ Скопје славеше со убедливи 96:55 против Ловќен во натпревар од АБА2 лигата во рамките на турнирот во Сараево.

МЗТ најави дека размислува само за победа уште во првиот период кој го доби со 24:11, а на полувремето замина со предност од 18 поени.

Третиот период донесе нов удар за Ловќен кој немаше одговор за добриот шутерски ден, но и за играта во одбрана на избраниците на Ѓорѓи Кочов, кои на крајот славеа со 96:55.

МЗТ Скопје стигна до шестата победа по девет одиграни натпревари, со што останува на солидна позиција во ова регионално натпреварување.

Најефикасни денеска беа Стојановски со 15, односно Гравет и Крстевски со по 13 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни