АБА лига
МЗТ ќе остане во втората лига, АБА сезоната ќе заврши без шампион

Клубовите од АБА лигата денеска донесоа конечна одлука за крај на сезоната без прогласување шампион, без испаѓање, но повторно го оставија и нашиот претставник МЗТ Скопје без пласман во најквалитетната регионална лига.
Две екипи од АБА2 лигата ќе се најдат во поквалитетното друштво, а тоа се Борац Чачак и Сплит, кој доби предност пред МЗТ само поради подобриот меѓусебен дуел со екипата со која имаше ист број на освоени бодови.
Во своето официјално соопштение објавено на крајот на претходниот месец, МЗТ Скопје побара кога веќе сезоната не може да биде доиграна, да се врати застапеноста на клубови од сите земји поранешна Југославија.
Но, клубовите денеска решија да нема испаѓање, а двете најдобро пласирани екипи од АБА2 да добијат еден вид валјд-кард, што значи дека АБА лигата ќе се прошири на 14 екипи, а МЗТ Скопје и трета сезона по ред ќе треба да игра во второлигашкото друштво.
Партизан и Игокеа гласале да биде прогласен шампион, но останатите клубови имале спротивен став, па оваа сезона нема да има официјален првак.
-
Шпанија24 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП21 час
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија4 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија21 час
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Шпанија3 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија20 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија4 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Италија60 минути
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)