Конференциска лига
Мурињо по понижувачкиот пораз на Рома: Тие возеа Мото ГП, ние ги бркавме со велосипеди
Жозе Мурињо најави дека ќе им даде шанса на фудбалерите со помала минутажа на гостувањето кај Бодо во Конференциската лига, но фановите не очекуваа дека тоа ќе значи понижувачки пораз со резултат 6:1.
Норвешкиот тим издоминира на теренот со вештачка трева, а ескпериментот на португалскиот тренер се покажа како неуспешен, па му донесе и личен анти-рекорд.
– Одговорноста за поразот е моја, јас одлучив да играме со овој состав.
– Секако имав добра намера да им дадам шанса на фудбалерите кои не добиваат голема минутажа, но морам да кажам дека тимот на Бодо е поквалитетен од оној состав со кој ние ја започнавме средбата.
– Мислам дека е ризично да ги играме сите натпревари со ист состав, ги знам лимитите на одредени фудбалери, но решив да направам промени. Очекував подобра реакција од тие што добија шанса, но одговорноста за тоа е моја. Ако игравме со најсилен тим на оваа подлога, некој ќе се повредеше, па ќе примевме 4-5 гола во недела од Наполи.
– Овој пораз има и историско значење бидејќи досега немам примено шест гола. Но, проблемот не е како се чувствувам јас, туку фудбалерите. Изгледаше како моите играчи да сме во различна трка, Солбакен возеше во Мото ГП, а ние го следевме со велосипеди. Но, на натпреварот во Рим ќе го очекуваат Манчини и Виња, – изјавил Мурињо.
Рома го пречекува Бодо веќе на 4. ноември.
-
Италија6 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија7 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија8 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија7 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан5 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија9 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија5 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет4 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!