Поврзете се со нас

Шпанија

„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона ја очекува новата сезона со големи амбиции, а тренерот Ханси Флик има јасна визија во однос на составот и фудбалерите кои ќе бидат во прв план.

Најмногу бранувања има за голманската позиција, бидејќи Марк Андре Тер Штеген нема да ја добие посакуваната улога на првотимец, статус кој го загуби по посериозната повреда и не успеа да го врати во финишот на претходната сезона.

„Мундо Депортиво“ денеска потенцира дека Флик имал средба со сонародникот и јасно му посочил дека тој нема да биде негов прв избор и во новата сезона.

Не само што Флик веројатно ќе го користи засилувањето Жоан Гарсија како прва опција, туку му порачал на Тер Штеген дека и Војчех Шчесни е пред него во голманската хиерархија.

Германскиот голман потенцирал дека ја разбира одлуката, но не сака да замине од Барселона и сака да се бори за место во првиот тим. Каталонскиот медиум потенцира дека одлуката на Тер Штеген е поврзан и со семејни причини, односно дека по неодамнешниот развод тој сака да остане во близина на своите деца кои живеат во Барселона, а веќе имал и нова партнерка која исто така е од овој шпански град.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни