Шпанија
„Мундо Депортиво“: Барселона има план за Димитриевски
Шпанските медиуми се почесто го споменуваат Столе Димитриевски во различни трансфер варијации, а последната е објавена од „Мундо Депортиво“, кој традиционално е добро информиран за случувањата поврзани со Барселона.
Новинарот Жорди Баталја во денешниот текст вели дека Барса сериозно го следи македонскиот репрезентативец, односно смета на него како квалитетна опција за летниот преоден рок, посебно поради фактот што Димитриевски станува слободен агент.
Договорот на Столе со Рајо Валјекано истекува во јуни и тој може да избере во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а покрај досега споменатите Вилјареал, Севилја и Валенсија, Димитриевски е во фокусот и на Барселона.
Баталја вели дека Барса размислува дали да го задржи Ињаки Пења како поддршка за ветеранот Марк-Андре Тер Штеген или пак да ја искористи ситуацијата и да го ангажира Димитриевски за наредните неколку сезони.
Каталонскиот клуб е во добри односи со македонскиот голман и неговите агенти, посебно што во јануари 2022 година тој беше пред трансфер на „Камп Ноу“, но Нето реши да остане и не дојде до реализација на тој трансфер.
Димитриевски има уште една одлична сезона со Рајо и досега има 9 „чисти мрежи“, исто колку и тандемот на Барса, Тер Штеген-Пења, а подобар ефект имаат само Унај Симон и Алекс Ремиро. Македонецот прими 36 гола, додека Барса има 34 примени погодоци во досегашниот тек на сезоната.
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија18 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)