Македонија
Миркуловски промовиран како координатор на машките ракометни репрезентации

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски, денеска официјално е претставен како нов координатор на машките ракометни селекции.
По долгодишниот престој во Германија, Миркуловски се враќа во Македонија откако ја прифати понудата на РФМ и ќе се обиде да го искористи своето искуство да им помогне на националните тимови во сите категории.
Миркуловски ќе ја преземе функцијата од Влатко Тасевски, кој пак ќе биде генерален секретар на федерацијата, a денеска беше претставен на официјална прес-конференција.
– Благодарен сум што раководството на РФМ ми укажа ваква доверба за да преземам една витална функција.
– Подготвен сум да го искористам своето знаење стекнато овие години во Германија, а моја примарна цел ќе биде развојот на младинските категории и координација на селекторите во сите категории.
– Мора да изградиме единствен систем и да ја подобриме комуникацијата, со што ќе го олесниме работењето и во сениорската репрезентација, – истакна Миркуловски.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!