Поврзете се со нас

Свет

Меси креираше пресврт, асистираше за прв гол на Бускетс за Интер Мајами (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами лошо го отвори дуелот со Нешвил и имаше негатива по само две минути, но автоголот на несмасниот Негри беше неутрализиран во продолжението од средбата.

Првата ѕвезда, Лионел Меси се погрижи за израмнување по една мешаница во шеснаесетникот и тоа веќе во 11. минута, а во финишот на првиот дел перфектно го пронајде Серхио Бускетс, за Шпанецот да го постигне првиот гол во дресот на Интер Мајами.

Точка на неизвесноста стави Меси со гол од пенал во 81. минута, со што конечните 3:1 донесоа две врзани победи за тимот од Флорида и привремено задржување на првата позиција во МЛС со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни