Германија
Матеус: Баерн досега беше шоу на еден човек кој направи раздор во соблекувалната
Баерн Минхен ја отвора новата сезона во Бундеслигата под водство на Венсан Компани, а легендарниот Лотар Матеус смета дека Баварците ќе се вратат на освојување трофеи, а со тоа и еден Хари Кејн ќе може конечно да се израдува на трофеј во својата кариера.
Поранешната ѕвезда на Баерн потенцира дека главниот проблем на клубот бил претходниот тренер Томас Тухел, кој имал негативно влијание врз соблекувалната и ја уништил самодовербата кај најважните играчи на екипата.
– Последните две години Баерн Минхен не беше фамилија, туку шоу на еден човек, а тој човек беше Томас Тухел.
– Тој е добар тренер, но не е за во Баерн. Атмосферата не беше добра, затоа што кога во соблекувалната имате трофејни играчи како Кимих и Горецка, а вие јавно велите дека барате нова „шестка“, испраќате порака до фудбалерите дека не се доволно добри. Секој од таквите играчи си велеше дека освоил толку многу трофеи во Германија, ја освоил Лигата на шампионите, а сега не е доволно добар за Тухел. Тренерот загуби многу важни играчи и тоа се почувствува на теренот.
– Компани ја познава Бундеслигата, го знае јазикот, за да работиш во Баерн треба да го разбереш и менталитетот. Според мене, Баерн и Баер Леверкузен имаат слични шанси за титулата, но јас мислам дека таа ќе заврши во редовите на Баерн, – рекол Матеус.
Германецот искоментирал и што очекува од Кејн, кој минатата сезона постигна 36 голови, но повторно не освои трофеј.
– Кејн нема повторно да постигне толку голови, но веројатно тоа нема ни да биде потребно. Новиот тренер ќе биде дополнителна мотивација за него и ќе се надева на подобар епилог, – вели германската легенда.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план