Поврзете се со нас

Италија

Малиновски заработи тешка повреда, соиграчите од Џенова шокирани од глетката (Видео)

Објавено

на

Џенова се враќа без бодови од гостувањето кај Венеција во рамките на Серија А, но она што посебно ја загрижи гостинската екипа е тешката повреда на Руслан Малиновски.

Украинскиот репрезентативец се повреди извршувајќи дефанзивна задача, односно во шеснаесетникот на Џенова, кога при еден лизгачки старт му настрада зглобот на десната нога.

Првичниот впечаток е дека Малиновски има тешка повреда на зглобот и сигурно го очекува долга пауза, можеби и до крајот на актуелната сезона.

Фудбалерите на двете екипи беа шокирани од глетката и болката која ја трпеше членот на Џенова, а тој е директно пренесен во болница каде ќе треба да му биде санирана повредата.

Венеција победи со 2:0 во дуелот со Џенова и стигна до првиот триумф во актуелната сезона на Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни