Репрезентација
Македонските ракометарки минимално поразени од Норвешка

Македонската женска ракометна репрезентација доживеа пораз на контролниот натпревар со Б репрезентацијата на Норвешка (26:27), кој денеска е одигран зад затворени врати.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски се подготвуваат за претстојното Европско првенство, а денеска одиграле подобро прво полувреме во кое имале водство со резултат 17:14.
Норвежанките ја презеле иницијативата во вториот дел и се вратија во игра за победа, а триумфот го обезбедиле со погодок во последните секунди за конечни 26:27 во Скопје.
Двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар и тоа во сабота, а на него ќе може да присуствуваат и навивачи.
Европското првенство започнува на 4. ноември, а заедно со Македонија, домаќини се Црна Гора и Словенија.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…