Поврзете се со нас

Светски првенства

Луис Енрике: Натпреварот со Челси не е решен однапред

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

ПСЖ ќе се обиде да стане прва екипа која го освоила Светското клупско првенство во новиот формат, а досегашните настапи во САД го ставија тимот на Луис Енрике во улога на фаворит пред пресметката со Челси.

Во пресрет на утрешното соочување во Њу Џерси, шпанскиот стручњак говорел за противникот, изразувајќи посебно почитување кон она што го направил колегата Енцо Мареска со овој состав.

– Челси има голем и квалитетен ростер, тренерот Мареска врши одлична работа и ми се допаѓа она што го покажуваат на теренот.

– Се работи за добро профилирана екипа со јасна улога за секој играч, а знаеме дека беа четврти во Премиер лигата и го освоија трофејот во Конференциската лига.

– Натпреварот не е решен однапред, мора да дадеме 100 проценти и на оваа средба и со уште еден трофеј да ја завршиме оваа историска сезона за ПСЖ, – рекол Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни