Поврзете се со нас

Италија

Лудница на Сардинија: Калјари направи голем пресврт и ја потопи Парма (Видео)

Објавено

на

Вистинска драма продуцираа Калјари и Парма во дербито на дното во Серија А, кое на крајот домаќините го добија со 4:3.

Почетокот не најавуваше позитивен епилог за домаќините, бидејќи Парма поведе во 5. минута со голот на Пецела, додека во 31. минута Куцка го зголеми водството на 0:2.

Паволети до крајот на полувремето намали на 1:2 и ја врати надежта на домаќините, но голот на Ман во 59. минута повторно донесе плус два за гостинската екипа.

Романскиот репрезентативец Марин се погрижи финишот да донесе неизвесност, а откако Куртиќ не реализираше зицер со кој Парма веројатно ќе ги обезбедеше бодовите, големата драма донесе и шести погодок. Поточно, Переиро на почетокот на судиското продолжение донесе израмнување.

Кога веројатно фановите на двете екипи помислија дека двете екипи ќе освојат само по бод, на сцена стапи Чери и во судиското продолжение направи целосен пресврт за голема победа на Кајлари со 4:3.

Со оваа победа Кајлари ги задржува шансите за опстанок, додека Парма е во многу потешка позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни