Лига на шампиони
Левандовски ја детектираше причината поради која Барселона испадна од ЛШ

Роберт Левандовски немаше долг престој со својата репрезентација на СП во Катар, но поради суспензија ќе мора да почека пред да им се врати на обврските во тимот на Барселона.
Во празничното интервју за „Спорт“, Левандовски зборувал на повеќе теми, а ја истакнал и својата желба за следната година.
– Мојата желба за 2023 година е да ги направиме горди фановите на Барселона. Да ги направиме горди со игрите, со трофеите, не знам што точно подразбира тоа, но се надевам дека ќе бидат големи успеси, – вели полскиот напаѓач.
Левандовски се навратил и во прераната елиминација на Барса од ЛШ.
– Потфрливме во Лигата на шампионите, но според мене причина за тоа беа големиот број повреди по интернационалната пауза. Имавме пет-шест повреди, најмногу во одбраната и тоа влијаеше на нашиот ритам, на нашата стабилност. Кога немате стабилност во играта, се е потешко на теренот, – вели Левандовски.
-
Англијапред 12 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 21 час
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светски првенствапред 20 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 23 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 22 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир