Шпанија
Левандовски: Барселона ќе освои трофеи ако го промени менталитетот
Барселона се подготвува за финалето во шпанскиот Суперкуп, а во пресрет на пресметката со Реал Мадрид, искусниот Роберт Левандовски истакнал што е она што тој и соиграчите треба да го поправат како тим во вториот дел од сезоната.
Каталонците последниот период загубија од неколку послаби тимови, со што останаа и без предноста на табелата, а полскиот напаѓач смета дека тие „грешни чекори“ се поврзани со менталитетот.
– Рано е да се зборува за колку трофеи ќе се бориме, но јасно е дека можеме да победиме секого.
– Сепак за да освоиш трофеи потребна е и среќа, ние имаме потенцијал, но тоа е сосема различна работа од менталитетот.
– Досега покажавме многу, но ако сакаш да ја освоиш лигата, треба да победуваш против помалите тимови. Сезонава загубивме такви натпревари, иако тие требаше да ни бидат многу важни, а во новата година се надевам дека нема да ни се повтори истото. Тоа е нешто кон што треба да се стремат и помладите фудбалери во тимот, – рекол Левандовски.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…