НБА
Лејкерс подобри од Голден Стејт во драма со две продолженија, Ембид повторно „избегна“ дуел со Јокиќ
Џоел Ембид го пропушти и четвртото гостување во Денвер по ред, а Никола Јокиќ и неговите соиграчи му донесоа уште една важна победа на Денвер во НБА лигата.
Фановите повторно останаа без можност да го видат соочувањето на двата последни МВП играчи во лигата, бидејќи Ембид добил препорака од лекарскиот тим да го пропушти дуелот поради проблемот со коленото.
Јокиќ со дабл-дабл го предводеше Денвер до победа со 111:105, а Рид бил најефикасен кај Филаделфија со 30 поени.
Многу повозбудливо беше на дуелот меѓу Голден Стејт и Л.А Лејкерс, на кој гостите победија по дури две продолженија. Фановите уживаа во трилер меч во кој најпрвин Кари избори прво, а Томпсон второ продолжение, но последниот збор го имаше ЛеБрон Џејмс, кој избори фаул на 1,2 секунди до крајот и го реши победникот со слободни фрлања.
Кари стигнал до 46 поени, но Џејмс имаше многу позначаен трипл-дабл ефект со 36 поени, 20 скокови и 12 асистенции.
Лука Дончиќ стигна до трипл-дабл против Сакраменто, но со многу лош процент на реализација, а неговиот Далас загуби од „кралевите“ на домашен терен. Изненадување направи Сан Антонио, кој пред своите фанови ја совлада Минесота.
Денвер – Филаделфија 115:105
Бруклин – Хјустон 106:104
Бостон – Л.А Клиперс 96:115
Шарлот – Јута 122:134
Милвоки – Њу Орлеанс 141:117
Голден Стејт – Л.А Лејкерс 144:145
Сан Антонио – Минесота 113:112
Далас – Сакраменто 115:120
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!
-
Шпанија17 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)