Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Квалификации за ЛШ: Шкендија се враќа со реми без голови од гостувањето кај ТНС

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/fcshkendija

Актуелниот македонски шампион Шкендија одигра натпревар без голови (0:о) на гостувањето кај велшкиот шампион ТНС, што е најава за интересен реванш на кој ќе се решава патникот во следната рунда.

Тетовци имаа сериозни шанси уште во првото полувреме, но Адеми и неговите офанзивни колеги не успеаја да го совладаат домашниот голман, а резултатот не беше променет и во вториот дел.

Екипата на ТНС исто така не ги искористи своите солидни прилики за да дојде до посакувана предност, а во првиот дел го загуби и Смит кој беше заменет поради посериозна повреда.

Шкендија ќе се обиде да потврди дека е поквалитетен противник во овој двомеч на реваншот кој е закажан за 15. јули, на кој сигурно ќе има и многу поголема поддршка од таа што ја имаше ТНС на својот „Парк Хол“ стадион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни