Шпанија
Крос го истакнал најголемиот проблем на Реал од последната сезона

Тони Крос ја заврши фудбалската кариера пред една година, а Реал Мадрид во тој момент загуби еден од своите клучни фудбалери, чие отсуство се чувствуваше минатата сезона.
Германецот во последното интервју говорел за својот поранешен клуб, кого детално го следи, потенцирајќи дека екипата мора да врати одредени вредности кои беа загубени последната сезона.
– Ако Реал сака да се врати на врвот, најважно е да се фокусира на концентрацијата и дисциплината, односно добро да се адаптира на новиот стил на игра. Во моментот кога ќе го прифатиш новиот систем, јасно можеш да видиш и каков тип на фудбалер ти недостасува.
– Многу е важно екипата да биде компактна и обединета во играта во одбрана. Брзото враќање на топката ти дава дополнителна енергија, но ако не успееш во тоа, постојано го бркаш противникот, а ривалите те надмудруваат и прават да се чувствуваш лошо на теренот. Од друга страна дел од играчите не помагаат во одбрана, затоа што не се навикнати на такво нешто.
– Мислам дека тоа беше најголемиот проблем на Реал минатата сезона, – рекол Крос.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!
-
Шпанија18 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)