Англија
Клоп за киксот против Барнли: Ова е силна шлаканица…

Поразот на Ливерпул од Барнли ја продолжи негативната серија на англискиот првак во Премиер лигата, а менаџерот Јирген Клоп призна дека не очекувал ваков „удар“ на оваа средба.
Германскиот менаџер ја презема одговорноста за неуспешниот настап на „Енфилд“.
– Ова е силна, силна шлаканица за нас, но тоа е моја одговорност, така може најлесно да се објасни.
– Ја имавме топката често, креиравме одредени ситуации, но не ги реализиравме. Тоа го остави натпреварот отворен, а потоа тие добија пенал, Алисон ми кажа дека не го допрел противничкиот фудбалер, јас не можев да видам.
– Направивме многу погрешни одлуки, но моја задача е сите да се на вистинската позиција. Мора да ги искористиме поуките од вечерва веќе за следниот натпревар, – изјавил Клоп.
По денешниот пораз, Ливерпул има шест бодови помалку од актуелниот лидер Манчестер Јунајтед.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Светпред 24 часа
Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал