Англија
Клоп реагираше на коментар од студиото, Кин мораше да се дообјаснува (Видео)
Јирген Клоп го водеше Ливерпул до важна победа на дербито против Арсенал (3:1), а по натпреварот реши експресно да одговори на критиките на Рој Кин.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед како гостин во студиото на „Скај Спортс“ спомнал дека фудбалерите на Ливерпул биле неорганизирани во одредени ситуации, а Клоп реагираше веднаш откако не му се допадна тоа што Кин ја критикува играта на неговиот тим.
– Можеби Кин зборуваше за друг натпревар, бидејќи немаше ништо во тој стил вечерва.
– Одигравме одлично, од првата секунда доминиравме против екипа која е во одлична форма. Немам никакви замерки за моите играчи, беше целосно спротивно од неорганизирано и неангажирано, – истакнал Клоп, по што малку невообичаено Кин мораше да се дообјаснува дека рекол дека играчите на Ливерпул биле несмасни на моменти, но сепак имал само комплименти за целиот настап.
– Ќе ја погледнам снимката 100 проценти, – му порача Клоп на крајот на конверзацијата.
🗣️ “Did Mr Keane say it was a sloppy performance? Maybe he is speaking about another game…” 👀
Jurgen Klopp v Roy Keane 🍿 pic.twitter.com/MIw47L6N0o
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) September 28, 2020
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет1 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)