Светски првенства
Кире Лазаров: Не очекува возбудлив јануари

Македонската ракометна селекција прва ќе стартува на големите натпреварувања во 2025 година, при што избраниците на Кире Лазаров ќе ги бранат државните бои на светското првенство кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Нашата репрезентација ќе игра во групата која е лоцирана во Вараждин, град каде што сме настапувале и во минатото (на светското ракометно во 2009 година, на европското ракометно во 2018 година, а исто така бил домаќин и на СЕХА „фајнар фор“ турнирот).
– Во првиот дел од подготовките одработивме сѐ што имавме планирано. Со оглед на тоа дека голем дел од играчите се во натпреварувачка форма со доста одиграни натпревари во текот на сезоната, работевме специфично и не многу напорно. Имаме прилично млада репрезентација со неколку поискусни лидери, кои треба да придонесат за стабилност и искуство на ова Светско првенство.
Во групата Д заедно со нас се и селекциите на Гвинеја, Холандија и Унгарија, а сите натпревари ќе се играат во Вардаждин, Хрватска. Официјалниот распоред и термини на оддигрување на натпреварите е следен:
- 15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
- 17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
- 19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот
Досега се покажало дека кога Хрватска е домаќин, „фалангата“ успева да се организира и да даде дополнителна поддршка за играчите од трибините, што на репрезентативците секогаш им било од големо значење.
– Нашите навивачи би требало да бидат дополнителна мотивација и поддршка, како и секогаш, познавајќи ја ракометната игра – во важните моменти од натпреварите со дополнителна позитивна енергија да бидат нашиот осми играч. Нѐ очекува возбудлив јануари,- заврши селекторот Лазаров.
Хрватските медиуми објавија дека нивната репрезентација во склоп на подготовките ќе одигра пријателска средба со Македонија на 8 јануари во Вараждин.
-
Англија23 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија16 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија18 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија21 час
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него
-
Англија24 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал