Репрезентација
Лазаров го објави конечниот список: Талески останува без настап на СП, Томовски е само резерва (ФОТО)
Селекторот на македонската сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави конечниот список на играчи на кои ќе смета на Светското првенство кое на стартот на наредната година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.
Лазаров се одлучи на овој мундијал да настапи само со играчи од домашното првенство, поточно немаме ниту еден интернационалец на списокот од 20 ракометари. Најголемиот дел се Алкалоид и тоа 12, шестмина се од Еурофарм Пелистер и двајца од редовите на Вардар 1961.
Кога ќе се погледне листата дефинитивно најголемо изненадување е отсуството на Филип Талески од Бенфика, долгогодишниот наш репрезентативец, плус го нема ниту голманот Мартин Томовски кој е ставен во групата од осум резерви.
Таму уште се и Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Филип Николов, Самоил Ристевски, Марио Танкоски и Михаил Аларов.
Само за потсетување Македонија во првата фаза ќе ги одмери силите со Холандија, Унгарија и Гвинеја во Вардаждин.
Првиот собир е закажан за 22. декември од 07.30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.
-
Италија12 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Италија24 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП23 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Англија22 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Светски првенства10 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија22 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија13 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Шпанија21 час
Димитриевски одново сочува „чиста мрежа“, Валенсија прв четвртфиналист во Купот (Видео)