Англија
Кин: Агентот на Роналдо заборавил да вметне важна клаузула во договорот
Ситуацијата со Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед се уште не е целосно разрешена, а притисокот станува се поголем поради фактот што викендов почнува и новата сезона во Премиер лигата.
Португалецот веќе побара од клубот да му дозволи да замине доколку биде испратена соодветна понуда, а главен мотив за ваков потег е фактот што оваа екипа нема да игра во Лигата на шампионите.
Рој Кин како поранешен капитен на Јунајтед не сака премногу да го критикува Португалецот, но смета дека неговиот супер агент морал да биде повнимателен склучувајќи го договорот минатото лето.
– Зошто неговиот агент не вметнал клаузула дека двете страни ќе може повторно да преговараат ако Јунајтед не избори место во Лигата на шампионите? Ако тврдите дека имате супер агент кој обезбедува фантастични договори за своите клиенти, зошто пропуштил такво нешто во договорот на Роналдо? – прашува Кин.
Ирецот смета дека Роналдо може да стана компликација за тимот, ако Јунајтед нема добри резултати на почетокот на сезоната.
– Не верувам дека Кристијано прави големи проблеми во позадина, а менаџерот е свесен дека секогаш има проблеми и мислам дека ќе успее да се носи со тоа.
– Моите стравувања се само ако Јунајтед не започне добро и ако тој покажува огорченост од менаџерот, тогаш може да биде лошо. Голем проблем за егото и брендот на Роналдо е веќе фактот што не играат во ЛШ, – коментирал Кин.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)