Карате
Каратистите на Макпетрол освоија најмногу медали на сениорското државно првенство

Каратистите на Макпетрол повторно му обезбедија прво место во генералниот пласман на својот клуб на Државното првенство во сениорска конкуеренција, во дисциплините борби и кати.
Макпетрол е најуспешен клуб на шампионатот со вкупно освоени 14 медали, односно 5 златни, 5 сребрени и 4 бронзени медали, на турнирот кој вчера се одржа во Скопје.
Претставници на Макпетрол кои станаа македонски прваци во своите категории се Марија Петровска -50 кг, Ангела Мојсовска -68 кг, Петар Заборски -75кг и Петар Спасеновски -84 кг, односно ( Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојанович, Глигор Петков, Витомир Трајковски, Дарјан Тасевски) во екипна конкуренција.
Сребрени медали освоија Сара Радичевска -50 кг, Моника Пендаровска -61, Викторија Јовановска -68, Давид Петков -67 и женскиот тим во борби ( Симона Заборска, Сара Радичевска, Ангела Мојсовска Моника Пендаровска и Викторија Јовановска). Бронзени одличја заработија Симона Заборска -55 кг, Витомир Трајковски -84 кг, 13 Стефан Стојановиќ +84 кг и Глигор Петков +84 кг.
Македонски шампиони по категорија се: Марија Петровска -50 кг, Марија Милевска -55 кг, Вероника Костовска -61 кг, Ангела Мојсовска-68 кг и Румена Балшевска +68 кг во борби кај жените, односно Фахик Весели -60 кг, Емил Павлов -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг и Берат Јакупи +84 кг кај мажите.
Макпетрол е екипен првак во машка, а Олимпик спорт во женска конкуренција борби.
Во кати прваци се Пуликсенија Јованоска и Кристијан Бајовски, додека во екипна конкуренција најдобри се Гладијатор во женска и Фунакоши Гичин во машка конкуренција.
Макептрол е најуспешен клуб со 14 медали (5 златни, 5 сребрени и 4 брозени), следи Олимпик спорт со 8 медали (4-1-3), па Фунакоши Гичин 8 (3-1-4), Металург 5 (1-2-2) и Штип 4 (1-1-2).
– На првенството имаше многу интересни борби, неизвесност постоеше во секоја категорија. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме 5 златни медали но и 5 сребрени кои лесно можеа да бидат златни медали. За обележување се настапите на капитенот на Макпетрол Петар Заборски кој во категоријата -75 кг ги совлада сите конкуренти и заслужено го освои првото место, – истакна Бошко Заборски од КК Макпетрол.
Во екипните натпревари кај мажите во полуфиналниот натпревар Макпетрол со максимален резултат 3-0 го победи ривалот Металург од Скопје а во финалниот натпревар подоцна Макпетролците исто така заслужено го совладаа Штип од Штип кој беше поразен со максимален резултат 3-0.
Денеска во Скопје се одржува Бергер натпреварот.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП24 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)