Италија
Јувентус направи пресврт и ги освои бодовите против Лацио (Видео)
Лацио имаше водство на „Алијанц“ арената во Торино, но Јувентус успеа да направи пресврт на дербито и стигна до победа со резултат 3:1.
Домаќините започнаа без Кристијано Роналдо во првите единаесет, а големата грешка на Кулушевски донесе погодок за Кореја во 14. минута и рано водство на гостите од Рим.
Јувентус заигра поангажирано, па откако Лацио не искористи уште една шанса, дојде и израмнувањето со атрактивен погодок на Рабио во 39. минута од средбата.
Иницијативата на „бјанконерите“ навестуваше желба за целосен пресврт, а по една пресечена топка, Киеза убаво го проигра Мората, а Шпанецот успеа да го совлада Рејна.
Три минути подоцна, Мората доби шанса за втор гол, овој пат од пенал, откако Милинковиќ-Савиќ направи прекршок над Ремзи, а напаѓачот на Јувентус ги постави конечните 3:1.
Јувентус стигна до 52 бодови, додека Лацио останува на 43, што значи трето, односно седмо место за денешните противници.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…