Италија
Јувентус го потврди четвртото засилување во летниот преоден рок (Видео)

Раководството на Јувентус експресно ја заврши целата процедура за ангажирањето на четвртото засилување за тимот на Тиаго Мота во овој преоден рок, па од вечерва нов член на „бјанконерите“ е Хуан Кабал.
До вчера медиумите воопшто не го поврзуваа Кабал со Јувентус, но за многу краток период беа финиширани преговорите со Верона и договорени условите со 23-годишниот фудбалер.
Кабал може да игра како лев бек и како стопер и имаше одлична сезона во дресот на Верона, а до последен момент беше блиску до трансфер во Интер, кој на крајот ја загуби битката со големиот ривал од Торино. Во новиот клуб ќе го носи дресот со број 32.
Јувентус ќе плати 11 милиони евра плус неколку милиони во дополнителни бонуси, што значи и голем профит за Верона, екипа која плати само 3,5 милиони евра за истиот играч пред две години.
🗣️ «Sono pronto, forza Juve!»
Juan ha un messaggio per voi 🤳🏻 pic.twitter.com/Vn1lT9i0qn
— JuventusFC (@juventusfc) July 18, 2024
Пред да го договори Кабал, Јувентус веќе ги обезбеди и голманот Ди Грегорио, односно Даглас Луиз и Кефран Тирам.
-
Италија18 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија13 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија20 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија12 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија10 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)