Поврзете се со нас

Европски првенства

Јорданеску ги предводеше Романците до осминафиналето на ЕП, но не останува селектор

Објавено

на

Романската фудбалска репрезентација остави одличен впечаток и се пласираше во осминафиналето на неодамна завршеното Европско првенство во Германија.

Сепак, селекторот Едвард Јорданеску реши повеќе да не биде на клупата на националниот тим.

Јорданеску имаше договор со Фудбалскиот сојуз на Романија до крајот на јули, тамошната јавност беше апсолутно за негово останување, но тој реши да се повлече од семејни причини.

На ЕУРО, Романија го освои првото место во групата пред Белгија, Словачка и Украина, но во првата рунда од нокаут фазата Холандија беше пресилна и победи со 3:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни