Игри на среќа
Илијевски од АСОМ: Околу 250 милиони евра годишно одат во државниот буџет од игрите на среќа

Индустријата на игри на среќа е силен импулс во државната економија и во услови на криза. Според анализите на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, членките на Асоцијацијата само од мај до крајот на август придонеле со 600 милиони денари во државниот буџет по сите основи од работењето.
– Ние направивме пресек колку сме придонеле во државниот буџет од повторното отворање на 13 мај заклучно со 31 август 2020. Станува збор за сума од повеќе од 600.000.000 денари по сите основи на работењето, посебна давачка од 20% плус 3%, посебна давачка од 4% за онлајн обложување, персонален данок од игри на среќа, персонален данок од закуп на простор, придонеси за плати, платено ДДВ кон државата, платено ДДВ кон добавувачи, аконтации од данок на добивка“, вели Васко Илијевски од АСОМ во интервју за „Фактор“.
Доколку се земе предвид дека индустријата на игри на среќа во нашата земја вработува речиси 8.000 лица, од кои околу 4.500 само кај приредувачите на игри на среќа во обложувалница, а целата индустрија поддржува индиректно околу 54.000 работни места, разбирлива е грижата која се наметнува околу евентуалните промени на законот за игри на среќа, не само како удар врз оваа индустрија и вработените, туку и врз целокупната економија погодена од ковид кризата.
– Ние многу пати досега сме го споменувале фактот, дека индустријата на игри на среќа е силен импулс во државната економија. Ние сме индустрија која плаќа високи даноци, придонесува со вкупно една четвртина милијарди евра во државниот буџет. Конкретно, индустријата на игрите на среќа има високи 4 проценти удел во бруто-домашниот производ. Во републичкиот и локалните буџети во 2018 година се влеале вкупно 253 милиони евра благодарение на нашата работа.
– Ова се пари кои се користат директно за потребите на сите граѓани во државава. Нашата индустрија позитивно влијае и врз развојот на други стопански гранки, преку зголемување на обемот на производство на своите добавувачи, или поконкретно индустријата за производство на мебел, електрична опрема и уреди, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возниот парк и слично. Ова се пари кои се слеваат во други дејности и придонесуваат за стопански развој во земјата, – изјавува Илијевски.
Од таа перспектива, евентуалните измени на Законот за игри на среќа кои предвидуваат дислоцирање на објектите во кои се приредуваат игрите на среќа и регулирање на нивната одалеченост од училиштата, факултетите, универзитетите, според него би значело затворање на една цела индустрија, но и силен удар врз економијата. Секоја измена или нови законски решенија, секако мора да ги има предвид сите засегнати страни, и апсолутно потребно е да биде вклучена Асоцијацијата од самиот почеток на тој процес, истакнува Илијевски.
– Доследно го спроведуваме законот, а како Асоцијација сме подготвени да прифатиме и построга контрола и построги казни за прекршување на постојниот закон. Ние се залагаме за одговорно обложување, сигурно и безбедно опкружување за нашите играчи и одржливо деловно опкружување за индустријата. Законски решенија кои нанесуваат штета на компаниите и економијата, а не решаваат никаков проблем нема да прифатиме, –дециден е тој.
– Нам сега како држава, најмалку ни требаат решенија кои затвораат стопански гранки, напротив ни треба силна државна поддршка која ќе го застане на нозе стопанството и ќе помогне што побрзо и што побезболно заедно да ја надминеме кризата и да ги минимизираме ефектите од неа, – заклучува Илијевски.
АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
АТП23 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија6 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда