Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола сака одложен старт на следната сезона за неговиот Сити

Објавено

на

Манчестер Сити ќе биде еден од двајцата претставници на Англија на првото издание на Светското клупско првенство со 32 екипи, а тоа значи дека сезоната за актуелниот англиски првак ќе трае подолго од вообичаеното.

Финалето на клупскиот мундијал се игра на 13. јули во Њу Џерси, а сезоните во Премиер лигата започнуваат на средината на август, што е навистина прекраток период во кој фудбалерите треба да добијат три недели заслужен одмор, а да одработат и дел од подготовките за новата сезона.

Пеп Гвардиола вели дека неговиот клуб ќе бара одложување на стартот на сезоната, но е свесен дека Премиер лигата нема да одговори позитивно.

– Мислам дека клубот побарал да ни го одложи за почетокот за две-три недели, за да можеме да одмориме по Светското клупско првенство, но Премиер лигата одговорила негативно.

– Нема да ни ги одложат првите натпревари, па ние ќе мора да решиме што ќе правиме. Во моментов немам конкретен одговор, но се надевам дека ќе најдеме соодветно решение, – рекол Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни