Англија
Гвардиола: Луѓето очекуваат Сити да исчезне од лицето на земјата
Манчестер Сити денеска го игра премиерлигашкото дерби со Арсенал, а Пеп Гвардиола на секоја прес-конференција мора да се навраќа и на истрагата која се води против неговиот клуб во однос на нарушувањето на финансискиот фер плај во минатото.
На Сити му се заканува ригорозна казна, која би требало да биде соопштена следната година, а Гвардиола и натаму инсистира на тоа дека не треба да се шпекулира со некакви санкции додека не биде објавена одлуката на независната комисија и додека не се одлучи по евентуалната жалба на клубот.
Гвардиола овојпат сам се надоврзал на случајот, коментирајќи ги ситуациите во кои медиумите и јавноста знаат жестоко да ги критикуваат екипите и фудбалерите ако овие имаат лош ден.
– Можете да кажете дека одредена сезона е лоша сезона за некоја екипа, но не и за некој настап дека е срамотен или катастрофа. Тоа е само едно попладне во кое противникот бил подобар.
– Јас секогаш ќе ја бранам мојата екипа, посебно во овој период кога сите очекуваат дека Сити ќе биде исфрлен во понизок ранг, дека ќе исчезне од „лицето на земјата“. Ние често имаме подобри попладниња од ривалите и затоа победуваме, – рекол Гвардиола.
-
Италија18 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија13 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија19 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет16 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија12 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија10 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)