Боречки спортови
Град Скопје ги прогласи кикбоксерите Илиоски и Мировски за најдобри спортисти во 2024 година

На денешната свечена церемонија во големата сала на Советот на Град Скопје, официјално беа доделени наградите за најуспешните спортистки, спортисти и тренери на Град Скопје за 2024 година. Оваа важна манифестација беше организирана од Сојузот на Спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје.
Во категоријата Најуспешни спортисти во младинска категорија, за најуспешен беше прогласен Силвио Мировски (Кик Бокс), второто место му припадна на каратистот Стефан Стојановиќ, додека третата награда ја освои Витомир Трајковски.
Листата од десет најуспешни ја комплетираат пливачот Никола Ѓуретановиќ, каратистот Данило Божовиќ (Карате), Максим Митровски (Кик Бокс), Ива Богдановска (Џудо), Петар Дамјаноски (Мечување), Огнен Бундалески (Мечување) и Јосиф Малински (Триатлон).
Во сениорска категорија, првата награда му припадна на Бобан Илиоски (Кик Бокс), втор најуспешен е атлетичарот Дарио Ивановски, додека трет е шахистот Тони Лазов. Листата од десет најуспешни ја комплетираат Милијана Рељиќ (Таеквондо), Михаела Мишовска (Карате), Андреас Трајковски (Атлетика), Петар Заборски (Карате), Стефан Михајловски (Кик Бокс), Симона Заборска (Карате), Петар Спасеновски (Карате).
Во категоријата Најуспешен тренер, признанието го доби Дејан Митровски од Кикбокс клубот „Шампион“, додека во категоријата Лица со попреченост, наградата ја освои Стоилко Стоицев – Планинарски спорт за искачување на врвови над 6.000 метри.
За категориите Најуспешен спортист-странец и Најдобра екипа, поради недостаток на високи резултати од странски спортисти кои настапуваат за скопски клубови, како и недостаток на врвни резултати на спортски клубови во овие категории, не беа доделени награди.
На добитниците им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 150.000 денари, како признание за нивните достигнувања и успешни резултати во текот на годината.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП4 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч