Македонија
Гостивар со подобар финиш од Работнички, МЗТ сигурен против Вардар

Гостивар одигра одлична завршница на дербито со Работнички во Скопје и успеа да го совлада домаќинот (79:83) за важни бодови во обезбедување што подобар пласман на табелата.
На вториот натпревар игран во Скопје, МЗТ очекувано славеше против Вардар со 82:66.
По израмнетиот прв период меѓу Работнички и Гостивар, домаќините ја преземаа контролата на резултатот и последниот период го започнаа со 63:57.
На 63 секунди до крајот беше 76:76, а следуваше тројка на Костоски кој ја најави подобрата завршница на гостите. На спротивната страна Мулалиќ не успеа да возврати, а Гостивар успеа да ја задржи предноста во пенал завршница во која Костоски ги постигна последните четири поени од слободни фрлања.
Костоски со 21 и Јанески со 20 поени беа предводници на гостиварци, додека во редовите на Работнички, Младеновски реализираше 19 поени.
МЗТ Скопје доминираше против Вардар со 82:66, а најефикасни биле Бојиќ со 21 и Стојановски со 15 поени.
Со денешната победа, Гостивар стигна до 12. победа од 21 натпревар, исто колку што има и Работнички, но со три одиграни натпревари помалку, додека МЗТ има 11 победи од 17 натпревари.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)