Поврзете се со нас

Италија

Големото засилување за Милан се повреди уште по првото коло во Серија А

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан спасуваше бод на дуелот со Торино во првото коло од новата сезона во Серија А, а фановите беа среќни што Алваро Мората направи разлика веднаш штом се најде на теренот.

Резервистот на „росонерите“ на премиерата од новата сезона постигна гол за 1:2, до крајот неговиот тим успеа да израмни, со што Мората беше еден од најзаслужните за избегнување пораз на „Сан Сиро“, а беше прогласен и за МВП на натпреварот од страна на фановите.

Но, она што нема да им се допадне на фановите е повредата на Шпанецот, кој пријавил проблем кај лекарскиот тим уште по првата рунда.

Се работи за мускулна повреда и настапот на Мората во следното второ коло е неизвесен и Милан до последно ќе се надева дека постојат шанси за навремена рехабилитација.

Противник на Милан во следната рунда е повратникот во Серија А, екипата на Парма.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни