Англија
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
Навивачите на Манчестер Јунајтед со нетрпение го очекуваат епилогот од обидот за продажба на клубот од страна на актуелните сопственици, фамилијата Глејзер, но за такво нешто ќе мора да почекаат уште најмалку два дена.
Вчерашниот ден беше најавен како последен во кој заинтересираните страни требаше да испратат ревидирани понуди, но организаторот на процесот решил да го продолжи рокот за нови 48 часа.
Ваквиот потег внесе немир меѓу фановите, на кои не им се допаѓа најавата дека во последен момент може да се уфрли некоја понуда, која би значела и инвестиција на моќни фондови, чиј главен мотив е профит и евентуална препродажба, па дури и задржување на Глејзерови во сопственичката структура.
Во меѓувреме, милијардерот Џим Ретклиф и Шеикот Јасим Бил Хамад Ал Тани ги одложиле, односно повлекле своите понуди откако дознале за новата ситуација, тврди таблоидот „Сан“.
И Ретклиф и катарскиот шеик се големи фанови на Јунајтед и беа подготвени да платат околу 5 милијарди фунти за клубот, а најголем број медиуми тврдат дека не успеале да испратат втори понуди во предвидениот рок.
Останува неизвесно дали рокот е продолжен поради тоа, или пак како што тврди „Сан“, на барање на банката која го менаџира процесот, а која добила најава и за други понуди.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија6 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч