Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ загуби сет, но подоцна потврди ново атрактивно соочување со Синер

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ влезе во големата четворка на годинешниот Вимблдон, победувајќи го многу помладиот Флавио Коболи со 3:1 во сетови.

Денешното четвртфинале започна како што посакуваа неутралните фанови, сетот заврши со тај-брејк и тоа со предност за Италијанецот кој се закани со предноста од 1:0.

Сепак, Ѓоковиќ дополнително го подигна нивото во продолжение и не дозволи изненадување, добивајќи ги наредните три сета за победа и пласман во полуфиналето.

Српскиот тенисер праваше по два брејка во вториот и третиот сет, а во последниот поведе со 5:4 на сервис на противникот и на крајот го потврди сетот за место меѓу најдобрите четворица.

Победата на Ѓоковиќ е најава за уште еден атрактивен дуел со актуелниот светски рекет број еден, кој претходно го победи Бен Шелтон со 3:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни