АТП
Ѓоковиќ за тужбата кон АТП: Не се согласувам со сите нејзини делови

Новак Ѓоковиќ деновиве е актуелен поради фактот што асоцијацијата на тенисери која ја формираше со Васек Поспишил, отвори судски процес против АТП.
Неочекуваниот конфликт на релација ПТПА-АТП може да донесе големи превирања во иднина, а Ѓоковиќ сега пред новинарите истакнал дека тој го поддржува барањето за измени за начинот на кој функционира машкиот тенис, но не се согласува со целосната тужба која била испратена од ПТПА.
– Ова е класична тужба, ситуација во која ќе има соочување на адвокатите од двете страни.
– Ако треба да бидам искрен, се согласувам со дел од тоа што е наведено во тужбата, но не и со се што е напишано.
– Забележав дека на одредени места има пожестока терминологија, но претпоставувам дека тимот адвокати знае што треба да напише за да стигне до посакуваниот ефект.
– Никогаш не сум бил фан на поделби во нашиот спорт, но секогаш сум се борел за подобра позиција на тенисерите, која е далеку од она што може да биде. Не се работи само за паричните фондови, туку и за други детали кои се наведени во документот, – рекол Ѓоковиќ.
Вчера пак Карлос Алкарас изјавил дека не ја поддржува акцијата на ПТПА, пред се затоа што не бил информиран за идејата, а и не се сложува со се што е напишано во неа.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план