Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за сцената која ги исплаши неговите фанови: Благодарам за грижата…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ денеска ја одржал првата прес-конференција во Париз, на која го најави своето учество на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер има неочекуван слаб почеток на сезоната и досега годинава нема освоено трофеј, но останува меѓу главните фаворити за титулата на престижниот грен-слем на земјена подлога.

Ѓоковиќ денеска одговорал на новинарски прашања, а едно од нив било поврзана со сцената која ги загрижи неговите фанови. На турнирот во Женева камерите уловија кадар во кој се гледа како се тресе раката на Новак додека тој пие вода, но тенисерот не сакал премногу да зборува на оваа тема.

– Не би го коментирал тоа што ми се тресе раката.

– Благодарам на сите за грижата и тоа што покажуваат дека им е важно. Сепак, овие детали поврзани со мојата здравствена состојба би ги задржал за себе, – рекол Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни