Шпанија
Гибралтар побара реакција од УЕФА поради непристојните скандирања на шпанските репрезентативци

Шпанија го освои неодамна завршеното Европско првенство во Германија, а избраниците на Луис де ла Фуенте очекувано еуфорично ја прославија победата на турнирот, претставувајќи го трофејот и пред фановите во Мадрид.
Но, еуфоричното расположение донесе и проблем за федерацијата и дел од репрезентативците предводни од Родри, кој почнал да скандира „Гибралтар е шпански“ и добил поддршка од своите колеги од националниот тим.
Фудбалската федерација на Гибралтар денеска реагираше кај УЕФА, истакнувајќи го однесувањето на шпанските репрезентативци, потенцирајќи дека „нема простор за однесување од ваква природа во фудбалот“.
Гибралтар и натаму е предмет на нерешен конфликт меѓу Велика Британија и Шпанија, а Шпанците бараат враќање на територијата која е еден вид шпанска колонија на Британците.
Иницијаторот на скандирањето е член на Манчестер Сити, а капитенот Алваро Мората му го потенцирал потенцијалниот проблем на својот колега уште во текот на провокативниот потег.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија20 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)