Италија
„Газета дело Спорт“: Алегри добил атрактивна понуда и ќе го напушти Јувентус
Последната сезона на Јувентус донесе многу реакции кај фановите, кои од една страна ја критикуваа федерацијата поради казната која го остави клубот без пласман во ЛШ, а од друга не беа задоволни ниту од игрите под водство на Макс Алегри.
Раководството во последните изјави тврдеше дека Алегри останува на клупата и следната сезона, но тоа очигледно може да се смени ако самиот тренер има поинаква идеја.
„Газета дело Спорт“ утринава излезе со информација дека италијанскиот стручњак добил атрактивна понуда од клуб од Саудиска Арабија и би можел да се пресели во азиската земја, каде договор веќе имаат Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Според овој медиум, викендов Алегри ќе има средба со претставниците на неименуваниот клуб во Монте Карло и таму ќе му биде претставена понудата и целиот проект, по што Макс ќе треба да даде одговор дали би ја прифатил.
Се чини дека Јувентус не може да си дозволи да го отпушти Алегри додека има договор, но нема да се противи на разделба на барање на тренерот, а во тој случај во игра се неколку потенцијални наследници. Самиот Алегри досега уверуваше дека не планира да замине, но медиумите пренесоа и изјави од негови блиски соработници на кои им признал дека е исцрпен од проблематичната сезона, во која во клубот најмногу се зборуваше за казни.
Медиумите ги споменуваат Игор Тудор и Антонио Конте кои се без ангажман, додека фановите никогаш не го забораваат и Зинедин Зидан, кој исто така во моментов е без обврски кон некој клуб.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)