Италија
Гасперини има еден сон за крајот на тренерската кариера
Џан Пјеро Гасперини успешно ја предводи Аталанта, екипата која и сезонава имаше важна улога во Лигата на шампионите, а се бори и за титулата во италијанското првенство.
Составот од Бергамо постојано успева да пронајде квалитетни играчи, од кои подоцна заработува и големи суми, но се чини дека наскоро ќе треба да ја продолжи стратегијата без првиот стручњак на клупата.
Гасперини неодамна најави дека не планира продолжување на договорот, а можна е разделба со Аталанта уште по крајот на оваа сезона.
Италијанските медиуми сметаат дека идеално сценарио за Гасперини е да добие повик од Јувентус, клубот во кој работеше пред две децении и во кој сега посакува да го води првиот тим.
Шпекулациите велат дека Гасперини без размислување би прифатил преселба во Торино и соработка со најтрофејниот италијански клуб, што подразбира дека Јувентус претходно би му се заблагодарил на актуелниот тренер Тиаго Мота.
Игрите и резултатите не одат во прилог на помладиот тренер, а спортскиот директор Кристијано Џунтоли има посебен респект за Гасперини, кого наводно сакал да го ангажира претходно и во Наполи.
-
Италија2 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
АТП22 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија5 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија4 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија22 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија21 час
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија5 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Италија3 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари