Билијард и Снукер
Фуриозен Рони: Хигинс не внесе ниту една црвена, О’Саливен за еден час до полуфинале во Ријад
Рони О’Саливен имаше фуриозно деби на новиот снукер Мастерс во Саудиска Арабија, победувајќи го големиот ривал Џон Хигинс со 4:0 во фрејмови.
„Ракетата“ го започна настапот директно во четвртфиналето и во ноќната сесија успеа да издоминира против шкотскиот маестро, кој едноставно не доби шанса да покаже во каква форма допатувал во Ријад.
О’Саливен испорача три сенчри брејка и брејк од 82 поени во последниот фрејм, за да го добие дуелот со вкупен резултат од 489:4.
Со други зборови, Хигинс не успеа да внесе ниту една црвена топка, а единствените поени ги заработи по еден „фаул“ на противничкиот играч.
Мастерсот во Саудиска Арабија продолжува денеска со полуфиналните дуели, во кои О’Саливен ќе игра против Џад Трамп, додека Марк Ален за противник ќе го има Лука Бресел.
Победникот на Мастерсот во Ријад ќе добие 250.000 фунти, а првиот играч кој ќе стигне до максимален брејк од 167 поени добива фантастични 500.000 долари.
Максималниот брејк од 167 е достапен првпат во историјата и тоа со додавање на златна топка, која носи 20 поени и може да се одигра само после црната. Истата се отстранува од масата доколку во фрејмот нема можност за максимален брејк.
-
Англијапред 20 часа
Мегваер го откри ставот на играчите на Јунајтед за менаџерот Тен Хаг
-
Англијапред 16 часа
Гулит: Зиркзе направи грешка, требаше да се пресели…
-
Конференциска лигапред 20 часа
Чурлинов по голот за победа на Јагелонија: Не знам дали ќе можам да спијам вечерва
-
Лига на шампионипред 21 час
Миовски по дебито во ЛШ: Ми се оствари сонот, но за жал…
-
Англијапред 19 часа
Кол за статусот на Тен Хаг во Јунајтед: Ќе бидам изненаден…
-
АТПпред 11 часа
Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…
-
Италијапред 19 часа
Ди Канио: Ова се бара од Влаховиќ…
-
Англијапред 16 часа
Барселона и Атлетико во трка за големиот борец на Арсенал