Германија
„Франс Фудбал“ измисли нова награда како утеха за Левандовски
Роберт Левандовски повторно остана без признанието „Златна топка“, овој пат завршувајќи на второто место во гласањето и во ситуација да мора да му честита на Лионел Меси за неговиот нов рекорд.
Напаѓачот на Баерн Минхен беше главен фаворит за наградата минатата година, но „Франс Фудбал“ од нејасни причини реши да не додели признание иако никому не му е јасно како коронавирусот беше пречка да се прогласи најдобар светски фудбалер.
Годинава, признание има, но Левандовски не се најде на врвот, а прашање е дали повторно ќе биде толку блиску до наградата.
Полскиот репрезентативец сепак нема да замине дома со празни раце, бидејќи францускиот медиум го прогласи за најдобар напаѓач.
Преиронично или не, светските медиуми коментираат дека „Франс Фудбал“ ја додал оваа категорија само како утеха за Левандовски и сличните нему во иднина.
На годинешното издание првпат е доделена и наградата за клуб на годината, а прв освојувач е европскиот првак Челси.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)