Поврзете се со нас

Шпанија

Феран Торес прекина долг пост на Барселона кој траеше од ерата на Меси (Видео)

Објавено

на

Барселона вчера ги забавуваше своите фанови со одличниот настап и убедлива победа против Бетис, а дуелот беше одбележан и со неколку интересни факти.

Португалските засилувања Жоао Феликс и Жоао Кансело ги постигнаа првите голови во дресот на актуелниот шпански првак, со што првпат двајца Португалци постигнале гол на ист натпревар за Барса во 21. век, додека Феран Торес прекина една неверојатна негативна серија.

Шпанскиот репрезентативец погоди од слободен удар и на мајсторски начин се запиша во листата на стрелци, со што стана прв фудбалер по Лионел Меси кој реализирал директно од слободен удар за Барса.

Во меѓувреме, Каталонците имале 41 неуспешен обид за ваква реализација, а Меси го постигнал последниот гол од слободен удар против Валенсија во 2021 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни