Поврзете се со нас

Европски првенства

Фановите прашуваат: Како стартот на Лукаку не беше за црвен картон? (Видео)

Објавено

на

Белгија вчера рутински го доби натпреварот против дефанзивно поставената Финска, а Ромелу Лукаку повторно беше меѓу најдобрите поединци во редовите на фаворитот.

Но, напаѓачот на Интер ризикуваше да остане без настап во осминафиналето, откако стартуваше прегрубо во една ситуација на оваа средба, иако  на крајот не доби никаков картон.

Фудбалските фанови останаа шокирани од потегот на Лукаку, но и од одлуката на судијата кој не го санкционираше истиот со исклучување, пред се поради фактот што за ист старт еден ден порано беше исклучен велшкиот репрезентативец Итан Ампаду.

Феликс Брих и неговите помошници од ВАР собата не го задржаа критериумот и тоа е причината што стартот на Лукаку предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни