Англија
Евертон враќа легендарен менаџер на местото на отпуштениот Дајч
Шон Дајч веќе не е менаџер на Евертон, а новите сопственици на клубот наскоро ќе мора да го промовираат неговиот наследник.
Привремениот тренерски тандем Бејнс-Колмен го водеше тимот на дуелот со Питерброу во купот, но во битката за опстанок Евертон е под императив експресно да назначи долгорочно решение на одговорната позиција.
Медиумите тврдат дека најблиску до неа е Дејвид Мојс, фудбалскиот тренер кој го изгради своето реноме токму водејќи го клубот од „Гудисон Парк“ и кој потоа на база на тие резултати, доби голема, но кратка шанса и во Манчестер Јунајтед.
61-годишниот Мојс нема да ја одбие поканата на фамилијата Фридкин и би ја прифатил понудата, што за него ќе биде враќање на познато место по 2013 година, кога беше промовиран во наследник на Алекс Фергусон.
Под водство на Мојс, Евертон првпат се пласираше во Лигата на шампионите, постојано беше меѓу најдобрите екипи во Премиер лигата, а стигна и до финалето на ФА купот.
Последниот ангажман на Мојс беше во Вест Хем, каде доби отказ по крајот на претходната сезона.
Медумите претходно го споменуваа и Жозе Мурињо, но последните информации велат дека тоа не е реална опција во моментов.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план