Поврзете се со нас

Шпанија

Еден од хероите на „Ел Класико“: Покажавме дека оваа Барселона може да победи секого

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Барселона вчера успеа да стигне до убедлива победа на гостувањето кај Реал Мадрид и да ја продолжи одличната серија под водство на тренерот Ханси Флик.

Каталонците постигнаа дури четири гола во мрежата на Лунин, додека на спротивната страна Инаки Пења успеа да испорача неколку клучни одбрани, пред се по ударите на Килијан Мбапе и на тој начин го откажа противникот од можен пресврт на „Бернабе“.

По дербито, самиот Пења истакнал дека последните два натпревара покажале дека оваа Барса може да победи секого.

– Дојдовме на овој натпревар по триумфот над Баерн, знаевме дека оваа недела ќе има големо значење за целата сезона во Ла Лига и на крајот постигнавме два резултата кои се брутални.

– Имаме шест бода предност, но има уште многу натпревари до крајот. Најважните натпревари се против најсилните тимови во светот, а ние покажавме дека можеме да победиме секого, оваа Барса има променет менталитет, – рекол задоволниот голман на Барселона.

Следен противник на актуелниот лидер во Ла Лига е градскиот ривал Еспањол.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни