Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Душебаев со мајсторија ги дигна фановите на нозе, Кјелце повторно ја победи Барселона (Видео)

Објавено

на

Полскиот првак Виве Кјелце вторпат во една недела го победи актуелниот европски првак Барселона (29:27) во групната фаза на ракометната Лига на шампиони.

Гостите од Шпанија уште во првиот дел дојдоа до предност од четири голови, а на пауза заминаа со резултат 14:16. Во вториот дел Барса повторно дојде до плус четири, а победата на Кјелце има поголемо значење затоа што европскиот шампион имаше водство 23:27.

Во последните минути избраниците на Талант Душебаев направија неверојатна серија од 6:0 и на тој начин се изборија за голем пресврт и победа. Со оваа победа Кјелце има пет бодови повеќе од Барса на врвот на табелата во групата.

Кај гостите Арино со 5 голови беше најдобар реализатор, додека Алекс Душебаев со 8 погодоци ги предводеше стрелците во тимот на Кјелце. Голот на Душебаев за 28:27 предизвика голема еуфорија во салата и ја најави победата на домашниот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни