Поврзете се со нас

Евролига

Довчерашен играч на Партизан му стана соиграч на Димитријевиќ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Раководството на Олимпија Милано е решено да создаде силен тим за новата сезона во Евролигата, каде сигурно главна амбиција ќе биде пласман на завршниот Ф4 турнир.

Откако пред неколку дена го претстави македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, италијанскиот тим од денеска е посилен и за Зек Ледеј.

Американецот деновиве официјално се раздели со Партизан, каде ги мина последните три сезони, а реши да се врати во екипата каде настапуваше пред преселбата во Белград.

Покрај со Димитријевиќ и Ледеј, Олимпија Милано деновиве потврди дека во новата сезона ќе располага и со Џош Нибо, кој претходно беше член на Макаби, а неодамна доби словенечки пасош и ќе настапува за оваа репрезентација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни